Од денес, во нашата БАКАЛНИЦА можете да ја пронајдете и продавницата на IRose, работилница којашто нуди рачно изработен накит од епоксидна смола и полимерна глина.
Приказната ни ја сподели нејзината сопственичка Ружица:
“Мојата приказна со полимерна глина
и епоксидна смола започна во 2023 година.
Иако, неколку години претходно разгледував
и обожував страни со таков накит,
некогаш и се прашував како ли се прави.
Комбинацијата од глина и смола
ми е волшебство.
Ова хоби ми е еден вид на арт терапија
и една остварена желба за нешто свое.
Овај тип на накит е секогаш интересен
да се изработува,
бидејќи постојано има нови нешта што може
да се научат и применат.
Рачната изработка е загонетна.
Несовршеноста е секогаш совршена”.
Дознајте повеќе и зголемете го вашето катче
со овој прекрасен рачно дизајниран накит во нашата БАКАЛНИЦА во продавницата на IRose.