Гевино

За празниците збогатете ја трпезата со изборот на вина од Gevino Wine со специјално и внимателно одбрани етикети

Идејата за Gevino Wine датира уште многу одамна од 2017- та година кога и официјално винаријата стартува со работа. Во моментот нивниот асортиман се состои од од пет сорти на вино:  ВранецСмедеревкаХамбург-Мускат и Мерло, а од неодамна на барање на голем дел од потрошувачите, тие додаваат уште една сорта бело вино, Темјаника.  

Во пресрет на верските и новогодишни празници, кога виното најмногу се конзумира, Gevino Wine подготви цел асортиман специјално и внимателно одбрани и дизајнирани етикети, етикети кои секоја година се подготвуваат и креираат во различно руво од претходната.

Асортиманот на винаријата на Gevino Wine е достапен во над 300 малопродажни објекти ширум Македонија со главен акцент на град Скопје, а истите сорти во персонализирана варијанта можат да се добијат само во винаријата.

Нашите потрошувачи можат самите да ја креираат својата етикета или пак истото да остават на нас, за потоа виното да го очекуват доставено на домашна адреса, а по желба спакувано и во украсни вински кутии, вели Дејан кој раководи со Gevino Wine

Винаријата датира уште многу поодамна од 2017 – та година кога и официјално стартуваат со работа, објаснува Дејан и додава дека било потребно време за целосно да се комплетирање истата и да го понудат сето она што било замислено.

„ А, воглавно замислено ни беше да понудиме квалитетно македонско вино на нашиот пазар по достапни и прифатливи цени. Најпосле, го усовршувавме и дизајнот на винските етикети со една единствена цел, пакетот да биде комплетен за секој еден наш потрошувач да може максимално да ужива во свое, персонализирано вино”, додава тој раскажувајќи ги почетоците на работењето. 

„ Оваа година, потрошувачите можат да ја збогатат својата трпеза  со вината на Gevino Wine во избор од над 10 дизајни, изработени и адаптирани за секој повод. Исто така, нивните вина во текот на целата година се достапни и за компаниите преку нашата корпоративна понуда која е посебно актуелно во овој месец на празници и прослави. Морам да напоменам и тоа дека трендот на персонализирана побарувачка од година во година е во нагорен тренд, нешто коешто нас навистина не радува бидејќи ни претставува исклучително задоволство кога некој од нашите потрошувачи ужива во нашето вино со дизајн кој за него или за неговите блиски претставува симбол од особена важност”, вели Дејан.

На крајот го прашавме каква е навиката на Mакедонците за конзумирање и подарување вино.

„ Како што напоменав и претходно, трендот на персонализирана побарувачка е во нагорен тренд, а најголем дел од тие вина се вина наменети за подарок. Со виното како подарок се покажува возвишување на личноста на која истото се подарува, впрочем и не залудно се рекло дека виното е  Пијалок на боговите, па така ние само додадовме уште една важна дополнителна вредност и го направиме Уникатен пијалок на боговитe, заклучува тој  и додава дека најдобрите вина се оние кои се пијат со пријателите. 

Линк: https://skopjeinfo.mk/za-praznicite-zbogatete-ja-trpezata-so-izborot-na-vina-od-gevino-wine-so-specijalno-i-vnimatelno

Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • SKU
  • Рејтинг
  • Цена
  • Акции
  • Достапност
  • Додади го во кошничка
  • Опис
  • содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Click outside to hide the comparison bar
Споредете
Кошничка затвори