Гевино

Кои сме ние?

image
image
image
image
image
image
image
image
Гевино

Кои сме ние?

Започнавме на 26.07.2017 година како млад тим ентузијасти. Си поставивме цел- да понудиме високо квалитетно вино достапно за сите, како во стаклена, така и во пластична амбалажа.

Долгогодишното стагнирање во погледот на креативност и иновативност во поглед на амбалажата, како и постојаното менување на квалитетот, сосема незаслужено го стави виното во втор план на потрошувачите кога е во прашање конзумацијата. Стапките на конзумирање на вино по глава на жител во Р. Македонија се во постојан пад, и ни одблизу не се на задоволително ниво, посебно не затоа што Македонија се декларира како земја на виното . Просечната потрошувачка на вино во Македонија е 10 литри по глава на жител, а само 9-10% проценти виното кое што е произведено е и конзумирано. За споредба, во Бугарија,Словенија и Хрватска конзумацијата на вино е 25 литри по глава на жител.

Водејќи се од овие проблеми, истите станаа наши предизвици и решивме истите да ги промениме. Често и ние самите сме биле сведоци, само затоа што воопшто не се води грижа за изгледот, односно дизајнот на етикетата, да помислиме дека купуваме вино од ‘’втора класа’’ или во најмала рака да ни буди сомнеж. За да се увериме, се решивме за долгомесечно истражување. 65% проценти од Вас, истакнаа дека токму виното најпрво го бираат по неговиот изглед. Кога го земавме тоа во предвид и го додадовме на извонредниот квалитет на виното, несомнено добивме производ кој што на краток рок ќе го промени, а на долг рок ќе го зацврсти критериумот за избор на вино, и во соработка со Риго Импекс, сметаме дека го добивме и последниот, но најважен дел од сложувалката наречена КВАЛИТЕТ, GEVINO WINE.

Риго Импекс компанија основана во 1990 година, своите први количини на наливно вино ги извезува во Германија, во 1992 година. Во 2000та година, ја градат Винарската визба во Гевгелија, на „Мрзениски рид“ со убав поглед на целиот град и Вардарската долина. Компанијата има 82 вработени кои овозможуваат да се одвиваат производствените процеси, како и да се подигнуваат и одржуваат лозовите насади. Покрај Винаријата во Гевгелија која има капацитет од 15.000.000 литри, Риго Импекс поседува и помала Винарија во Валандово со капацитет од 2.500.000 литри. Лозовите насади со кои располага компанијата се на површина од 120 хектари каде се одгледуваат различни сорти на грозје за сопствени потреби. Компанијата се стреми кон одржување и подобрување на квалитетот на производите, преку имплементирање на ISO стандардите , а за одржаниот квалитет се потврда и долгогодишните партнерски односи со клиенти од Германија, Србија и Канада. Асортиманот се состои од слатки, полу-слатки и суви вина, зависно од потребите на клиентите. По сето ова, тимот на ГЕВИНО, следејќи ги сите стандарди и најсовремени техники на работа, ставајќи посебен акцент на Вашите потреби, како најбитна алка од целиот синџир, креираше нов, иновативен и креативен изглед на виното со врвен квалитет. Во комбинација со одличниот докажан квалитет на виното и достапна цена, ГЕВИНО се труди, и ќе се труди, да ги задоволи и апетитите на најголемите критичари. Нашата визија е да постанеме бренд препознатлив по квалитетно сортно гевгелиско вино, додека пак нашата мисија е вино кое брзо и лесно ќе биде достапно до секоја од Вашите трпези. ...Најдоброто од ГЕвино...НА ЗДРАВЈЕ !